Владата денеска на седница ја донесе Фискалната стратегија на Република Македонија за период 2021-2023 година.

-На предлог на Министерството за финансии, заради запазување на законските рокови, Владата денеска ја донесе Фискалната стратегија на Република Македонија за 2021-2023 година, како клучен инструмент за среднорочно буџетско планирање која е во согласност со среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата на Република Македонија и овозможува следење на динамиката на приходите и расходите во однос на фискалните цели, информираат од владината прес-служба.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2020 23:53