Канадскиот глумец Рајан Рејнолдс со својот повик ѝ го врати украденото мече со сентиментална вредност на сопственичката.

Рејнолдс пред неколку дена на Твитер повика и понуди награда од 5.000 долари за оној што ќе ѝ го врати мечето со касетофон на Мара Соријано, која всушност, не е дете. На играчката за последен пат е снимен гласот на нејзината мајка, која починала минатата година од рак, а се снимала себеси пред да замине в болница.

Последната порака на мајката гласи: „Те сакам. Горда сум на тебе. Секогаш ќе бидам покрај тебе.“

Името на пронаоѓачот не се соопштува.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2020 11:30