Без вода денеска ќе останат корисниците од улиците „Мара Междуречка“, „Алпи“ и делови од „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Рокомија“ во Општина Бутел.
Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради дефект на водоводна мрежа на улица „Мара Междурчка“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на дефектот.