На 30 јули 2020 во 10.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била донесена повредена Д.Д.(58) од Скопје, вработена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и по кажување на повредената констатирале дека таа паднала на паркингот во клиниката додека одела на своето работно место, при што ѝ биле константирани тешки телесни повреди. За настанот е известен трудов инспектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2020 01:03