Македонски државјанин учествувал во сообраќајна несреќа што се случила препладнево на патниот правец Елбасан-Пеќин, во Албанија.

– Тешката сообраќајна несреќа се случи на патниот правец Елбасан-Пеќин, кога од непознати причини дошло до директен судар на автомобил „сузуки“ управуван од Х.Р (67) од Елбасан и автомобил „мерцедес“ управуван од М.К.(38) од Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

На местото на несреќата починало лицето А.Н.(55) жител на Тирана, кој бил сопатник во автомобилот „сузуки“, додека со полесни повреди поминале лицата кои управувале со возилата.

Увидот треба да потврди која е причината за несреќата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2020 15:46