Ураганот Исаја помина преку Бахамите, корнејќи дрва и бандери и продолжува да се движи кон бреговите на Флорида, каде локалните власти стравуваат од можни компликации во спроведувањето на вонредните мерки за заштита од коронавирусот.

Исаја ослабнал и сега е категоризиран како тропска бура, а не ураган, но гувернерот на Флорида, Рон де Сантис предупреди дека невремето, како што се движи кон Флорида, веројатно ќе се претвори во ураган.

Локалните власти наредија затворање на плажите, парковите и мобилни клиники за тестирање за Ковид-19.

Гувернерот де Сантис апелираше до граѓаните да се снабдат со вода и најави прекини во снабдувањето со електрична енергија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2020 12:48