Вкупно 65.544 земјоделци поднеле барање за субвенции до 31 јули кога беше крајниот рок за аплицирање, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Оттаму оценуваат дека успешно е завршен процесот на пријавување за користење финансиска поддршка во земјоделството.

– Аплицирањето се одвиваше електронски. Но, еден дел земјоделци кои не знаеја сами да аплицираат, и оваа година, како и минатите, побараа помош од вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Согласно препораките за превенција од КОВИД 19 и почитување на протоколите, сите кои исполнуваа услови согласно Програмата за земјоделство, поднесоа барања за користење на финаниска поддршка во земјодделството, истакна директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 14:48