Волонтерите на општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија денеска завршија со распределбата на 140 пакети со храна и средства за хигиена на примателите на социјална пензија. Пакетите се дел од донацијата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

– Со овој грант ќе им се помогне на најранливите заедници во општеството чијшто секојдневен живот е загрозен од корона вирусот, вклучувајќи ги старите лица, лицата со попреченост, самохраните родители и семејствата со ниски примања, велат од гевгелискиот Црвен крст.

Донации од грантот на УСАИД во износ од 330.000 американски долари ќе се делат наредните три месеци, а македонскиот Црвен крст се обврза во 33 локални центри, меѓу кои и во гевгелискиот, да организира обука за волонтери кои ќе им помагаат на оние кои се соочуваат со стрес или други социјални предизвици за време на здравствената криза.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 15:30