Според статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи, во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале 20 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле осум контроли врз угостителски и други објекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 16:56