Претседателот на Независниот синдкат на камионските работници Страшо Јованов, тврди дека екс-министерката за труд и социјална политика Мила Царовска е одговорна што сега фирмите кои добија помош за ковид-кризата ги ставија парите в џеб односно не им поделија плати на работниците.

-Тоа што газдите во име на работниците добија финасиски средства кои наместо да им ги доделат на вработените, е најтежок криминал што можеше да се случи во една држава. Наменски добиените средства газдите ги узурпираа. Се тоа е „заслуга“ на поранешната министерка во труд и социјала, Мила Царовска, која не го прифати формирањето на Координативно тело што го побаравме пред година дена, со кое работниците ќе беа заштитени од еден ваков вид грабеж од газдите, вели Јованов за Алфа.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 17:22