Жител на тетовско Слатино и неговата вереница од Пршовце, двајцата на 24 годишна возраст, пријавиле во полиција дека по недоразбирање околу сообраќај биле нападнати. Настанот се случил вчера околу 17 часот на регионален пат село Радуша – Јегуновце.

-Настанала вербална расправија помеѓу А.Д.(24) од село Слатино со лице кое управувало патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, а набрзо пристигнало уште едно патничко возило „голф 6“, со германски регистерски ознаки, управувано од непознато лице. Човекот од возилото „голф“ физички го нападнал А.Д. и се обидел да ја нападне и неговата вереница А.М. (24) но бил спречен. Според пријавеното, напаѓачот се упатил до своето возило да земе оружје, но бил спречен од возачот на возилото „сеат леон“. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информираат од СВР Тетово.

Во СВР Тетово синоќа во 22:20 часот во Полициска станица Тетово лицето 31-годишник од Тетово пријавил дека околу 20:10 часот на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ бил физички нападнат од три непознати лица, поради недоразбирање околу паркинг простор.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2020 00:55