Патничко возило ,,фолксваген” излетало од регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, при што на влезот во Македонска Каменица оштети угостителски објект предизвикувајки значителна материјална штета. Очевидци велат дека несреќата се случила во текот на вчерашното попладне, при што патничкото возило во кое се наоѓало машко лице, уништило дел од отворен простор на угостителски објект, соборило столб од системот за улично осветлување и слетало врз покривот од друг објект. Како можни причини кои довеле до излетување на возилото од патот, тие го наведуваат влажниот коловоз и неприлагодена брзина на возилото. На местото на настанот извршен е увид од екипа од Полициското одделение во Македонска Каменица и МВР Делчево, од каде се најавени дополнителни информации за причините и останатите детали за несреќата.