Американскиoт рапер и продуцент Фифти Сент во објава на Инстаграм, отворено го опцу жирито на Американските телевизиски награди Еми.
„В ред, Еми, вака да ви кажам… Мојот црн г** е тука доколку сакате да го бакнете. Да ви ја е**м организацијата, ме интересираат само наградите од Националната асоцијација за развој на расните малцинства (НААЦП) “, како што напиша тој.
Очевидно, незадоволството на Фифти Сент е предизвикано од тоа што ТВ серијата „Моќ“ (Power), којашто тој ја продуцира и глуми во неа, не е меѓу номинираните за Еми наградите. Серијата траеше од 2014 година, а заврши оваа 2020 година. Последната сезона има 11 номинации за НААЦП наградите.
Фифти Сент, инаку, е познат по своите конфликти и расправии со луѓе од американската сцена, па и свои колеги рапери