Полицијата по извршена контрола во угостителски објект во гостиварското село Добри Дол го привела сопственикот и десет женски лица.

Според МВР, утрово околу 2:00 часот полициски инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар – СВР Тетово со писмена наредба од судија по претходна постапка при Основен Суд Гостивар бил извршен претрес во угостителски објект и други помошни простории сопственост на Р.Б.(46) од с. Добридол. Тој претходно бил осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При извршениот претрес во угостителскиот објект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години. Три од нив се државјанки на Република Македонија, шест од Република Албанија и една е од Република Косово. Сите тие, заедно со сопственикот на угостителскиот објект Р. Б. биле лишени од слобода и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено кривично дело „Трговија со луѓе“. По расчистување на случајот и постапката ќе им бидат поднесени соодветни поднесоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2020 02:01