Продолжен е рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град Скопје, па наместо на 17 август 2020 година истиот истекува на 1 септември 2020 година во 12 часот по локално време. Од ЈП „Вововод и канализација” – Скопје информираат дека до сега околу 50 компании појавија интерес за преземање на документите за аплицирање.
Официјалната објава на Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје, може да се најде на официјална платформа на Европската Инвестициона Банка https://ted.europa.eu/udl?uri=TED:NOTICE:290799-2020:TEXT:EN:HTML&src=0.
– Со потпишување на Договорите помеѓу Владата на Република Македонија и Европската Инвестициона Банка и Европската Банка за Реконструкција и Развој се затвори финансиската конструкција за Проектот за изградба на пречистителна станица на град Скопје. Во согласност со одредените фази за имплементација на капиталниот проект ПСОВ – Скопје, во вредност од 136.000.000 евра, ЈП „Вововод и канализација” – Скопје работи на реализација на истиот, што е доказ за заложбите за унапредување на условите за живот за сите граѓани како и инвестирањето во високо квалитетна животна средина – информираат од ЈП „Вововод и канализација” – Скопје.
Оттаму ги повикуваат сите компании, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје.
– Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 9. На барање на заинтересираните страни, документите може да бидат пратени и електронски во пренослив или отворен формат на wwtp-project@vodovod-skopje.com.mk. Крајниот рок за поднесување на апликациите, согласно барањата и критериумите наведени во Поканата, е 1 септември 2020 година до 12 часот (по локално време). Заинтересираните страни кои ќе испратат електронска апликација до 1 септември 2020 година, најдоцна до 14 септември 2020 одина до 12 часот (по локално време) ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе можат да го следат отворањето на апликациите преку преку видео конференциска врска – посочуваат од ЈП „Вововод и канализација” – Скопје.