Два концерта, на Тони Китановски и на Ема Попивода, ќе се одржат во рамки на Фестивалот за современа музика МОДОАРС 2020.

Настапот на Китановски е вечер од 21:30 часот во скопското кафуле „Излет“, додека на Попивода утревечер во истиот термин, но на платформа на плажата Куба Либре во Охрид.

Тони Китановски е еден од нашите најпознати џез музичари со интернационална кариера и во рамките на МОДОАРС 2020 ќе има солистичка изведба на гитара.

Ема Попивода е пијанистка која бележи бројни концерти во земјава, но и низ целиот свет. На концертот ќе изведе композиции за пијано на познати теми од легендарната група „Битлси“. Гостин на концертот ќе биде поетесата Наташа Сарџоска.

Концертите ќе бидат на отворен простор согласно сите протоколи за заштита од КОВИД 19.

Фестивалот МОДОАРС кој оваа година ги поддржува исклучиво домашните уметници, ќе издаде и аудио издание – ЦД со композиции од македонскиот композитор Димитрије Бужаровски.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2020 10:50