Ансамблот за народни игри и песни ,,Танец", одржа концерт синоќа во домот на култура ,,Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци.

- Извонредна и ретка можност да се види на сцена во Кавадарци. Основан во март 1949 година во Скопје, ансамблот веќе 75 години е еден од најстамените столбови на македонската традиција и култура и недвосмислено, еден од главните темели на македонската државност. Формиран со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните инструменти и носии и преку соодветен уметнички израз, сценски да ги претстави највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ, тој е денес една од најблескавите страници на македонската културна историја, споделија од културниот дом.

Оттаму нагласија дека благодарение на сите генерации што ја градеа и реализираа јасно поставената програмска активност на основачите, ансамблот низ годините се развиваше и прерасна во институција за почит, издигнувајќи се на нивото на уметничка извонредност и симбол на културна раскош пред публиката ширум светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2024 00:21