Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје објавува конкурс за дизајн на постер и беџ кои ќе ги користи Градот Скопје во промотивната кампања за енергетска ефикасност насловена „Промената започнува со тебе”.
Краен рок за поднесување на апликациите е 26ти август 2020 до 18:00 часот преку пополнување на оваа форма: https://bit.ly/3ft8REY и ќе може да учествуваат сите заинтересирани без разлика на возраст, професија и занимање.
Целта, информираат од Скопје Лаб, е преку овој конкурс да се овозможи идентификација, промоција и вклучување на креативниот дизајнерски потенцијал со цел истиот да даде свој директен придонес во креирањето на оригинални дизајни кои поттикнуваат акција за позитивни промени во областа на енергетската ефикасност.
Најкретивните дизајни ќе бидат наградени со: за изработување на беџ – 1-ва награда – 80 USD, беџ – 2-ра награда – 50 USD, на постер – 1-ва награда – 140 USD и на постер – 2-ра награда – 120 USD.
Резултатите ќе бидат објавени на официјалната веб-страница и на профилите на социјалните мрежи на Град Скопје и Скопје Лаб. Од наградените и пристигнатите трудови ќе се организира онлајн изложба за презентација пред пошироката јавност.