Британската пејачка и глумица Кели Озборн вчера е забележана како излегува од аптека во Лос Анџелес, САД, повторно покажувајќи му ја на светот својата нова фигура…

Имено, според многумина, луѓето би ја препознале ќерката на познатиот рокер Ози Озборн само по карактеристичната фризура, розовата боја на косата и мачка-очилата. Но, тоа не само поради маската за заштита од Ковид-19, туку и затоа што таа последниов период загубила, според нејзините кажувања – скоро 40 килограми и е горда на тоа.

Како што таа вели, тајната е во напорните тренинзи.

Тинејџерската ѕвезда на реалното шоу „Озборнови“ постојано се бореше со вишокот килограми, па се чини, конечно го нашла својот „лек“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2020 11:41