Прометот во индустријата во периодот јануари ‒ јуни 2020 година во однос на истиот период лани бележи пад од 17,5 проценти, покажува статистиката.

За 5,6 проценти е намален прометот во јуни 2020 година во однос на јуни 2019, додека во однос на мај 2020 е зголемен за 37,7 отсто.

Според Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во јуни 2020 година во однос на јуни 2019 година бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 12,1 процент, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2020 година во однос на јуни 2019 година е зголемен за 3,9 отсто. Пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 21,3 проценти, додека опаѓање кај Капитални производи за 34,2 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 20,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2020 година во однос на мај 2020 година има раст од 15,6 отсто, додека во периодот јануари ‒ јуни 2020 година во однос на периодот јануари ‒ јуни 2019 е намален за 3,3 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2020 година во однос на јуни 2019 година е намален за 7,8 проценти и според главните индустриски групи бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 отсто, Капитални производи за 11,7, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2020 година во однос на мај 2020 година е зголемен за 47,9 отсто, додека во периодот јануари ‒ јуни 2020 година во однос на периодот јануари ‒ јуни 2019 година бележи намалување од 21,3 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2020 14:44