Омилената агенција за обезбедување на власта со газда струмичанец покрај од универзалниот снабдувач со електрична енергија добива тендери со вртоглави суми и од други државни институции и општини каде што СДСМ и Заеви се на власт.

Во продолжение ќе ги презентирам деталите:

Струмичките пипци стигаат и до СОЗР, со која на 03.10.2018 година склучиле договор за обезбедување од 3 милиони евра. Кој е втор поединечен најголем договор на оваа агенција после договорите со универзалниот снабдувач.

И дали и СОЗР плаќа повеќе од вообичаено, исто како и универзалниот снабдувач кој од годинава плаќа двојно повеќе за обезбедување од лани, и доколку да, дали разликата во профитот завршува кај Заеви?

На ден 01.08.2019 година агенцијата за обезбедување од Струмица склучила договор за обезбедување со град Скопје во висина од над 200 илјади евра.

Дали и општините Аеродром и Ѓорче Петров оделе по принципот да се избере омилената агенција за обезбедување на Заеви? Истите склучиле договори во вкупна вредност од 300 илјади евра. Истите општини се јавуваат како корисници на услугите на оваа агенција и во 2018 година, кога искеширале над 250 илјади евра.

Трката за профит очигледно ги натерала функционерите од СДСМ и Заеви да одат и со абнормални решенија, помалку чудни, па така СЦ Борис Трајковски, кој патем има сопствена чуварска служба склучила договор за обезбедување на 10.07.2018 година во висина од 10 илјади евра. Неверојатно е зошто склучиле договор кога имаат сопствена чуварска служба.

Голема сума на пари односно скоро 50 илјади евра плаќа и Агенцијата за Катастар и недвижности, кои договорот со оваа агенција го склучуваат на 12.12.2019 година.

Како токму агенцијата за обезбедување од Струмица, покрај стотина други агенции низ државата се разработува кога станува збор за државни тендери и станува еден од најголемите добитници на државни тендери од областа за обезбедувањето и тоа

за само две години свртува над 21 милион евра, пари за коишто директно има сомнеж дека влијаеле за доделување директно семејството Заеви и СДСМ.

Дали покачената цена на струјата треба да биде дополнително зголемување на сумата која врвот на власта ќе ја има за делење на пари преку тендери од државата и универзалниот снабдувач?

Ова се одговорите кои треба да ги дадат Заеви, СДСМ и агенцијата за обезбедување, и ова се одговорите кои што ги интересираат граѓаните. Впрочем додека ги чекаме одговорите, ги повикуваме институциите да отпочнат со работа и да не спијат повеќе, да ги расчистат сите сомнежи околу оваа агенција за обезбедување.

Ви благодарам на вниманието

Новинарско прашање: Господине Арсовски, партијата ВМРО-ДПМНЕ пред два дена предводена од лидерот Мицкоски, отиде кај претседателот Пендаровски со цел лда реагира на врачувањето на мандатот на Заев како противуставно, ги замрзнавте односите, и тогаш најавивте дека во наредните денови ќе направиме и некаков обид за правна разрешница на ова ситуација, дали партијата размислува да превземе нешто?

Одговор: Во моментов можам само да ви откријам дека од коешто го размислува ВМРО-ДПМНЕ и за коешто многу набрзо ќе има конкретен одговор е дека размислуваме за поднесување на уставна иницијатива. Бидејќи во моментов Стево Пендаровски го узурпираше мандатот доделувајќи му го на еден пратеник, ист како и 119 други пратеници коишто се во Собранието, Зоран Заев којшто нема мнозинство, му го додели мандатотот и практично го узурпираше се со цел да му даде повеќе време, дваесетина дена да купи време за да може на непринципиелен начин да се обиде да народски кажано „лови пратеници“ од остатаните листи коишто партиципираат во Собранието со непринципелни методи. Секогаш кога ќе биде прекршен Уставот, Уставниот суд е должен да излезе и да го заштити уставот, така да размислуваме за уставна иницијатива и многу набрзо ќе се знае конкретниот чекор во однос на поднесување на истата.

ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2020 16:30