Секогаш кога СДСМ управува со државата пропаѓаат банки и имаме изневерени штедачи. Секогаш кога СДСМ раководи со буџетот имаме скандали и корупција поврзана со финансиското работење.

Државава во својата триесет годишна историја зад себе има неколку големи банки кои пропаднаа и сите за време на владите на СДСМ или гувернери на НБРМ поставени од СДСМ, како што е пропаста на Алмако банка, ТАТ, Експорт Импорт банка, Македонска банка, Радо Банка, Југо банка, штедилниците ТАТ, Алфа С, Лавци. А во оваа неславна статистика од пред два дена се впишува и Еуростандард банка.

Со овој најнов случај се продолжува праксата на измамени штедачи, пропаднати бизниси и удари врз финансиските текови.

Сопственикот на банката Еуростандар кажа дека било побарано од НБРМ воведување администрација, можност која ја дава Законот за банки и членот 135, односно банките со проблематични пласмани да бидат директно контролирани од НБРМ со цел да ја пребродат кризата.

Таквиот план според изјава на сопствеништвото на банката бил одбиен од НБРМ, со што уште повеќе се зголемуваат сомнежите дека зад пропаѓањето на банката има скриени бизнис мотиви и на тоа се работело подолг период. Со ова се забрзало пропаѓањето на банката.

Се поставува прашањето на Комитетот за финансиска стабилност за Еуростандард банка, Комитет во кој заедно учествуваат гувернерката на НБРМ и министерката за финансии.

Значи бил попречен предлогот за продажба на банката и за воведување на администрација.Пропаѓањето на Еуростандард банка, вториот ТАТ е поради скриени бизнис интереси на одредени структури. Одговорот на оваа дилема седи и во тоа кој предвреме ги извадил и повлекол парите од банката и кои компании блиски до власта најчесто соработувале со оваа банка.

Новинарско прашање: Какви последици ќе имаат луѓето штедачи, како и оние кои имаат кредити ?

Одговор: Тоа ќе зависи пред се од стечајниот управник, меѓутоа да не заборавиме гувернерката на оној еден прес кој што го имаше ако внимаваме што точно кажа, таа рече дека ги повикува другите банки да излезат во пресрет и да ги превземат оние кредити, тука веќе влегуваат сите оние типови на кредити потрошувачки, стамбени итн. Знаеме само дека ќе се превземат само оние кредити, секако доколку има заинтересираност од останатите банки, за да се превземат оние кредити коишто имаат да кажеме редовно сервисирање на своите обврски каде нема задоцнувања, односно оние кредити кои имаат бонитет во банката.

Новинарско прашање: Дали истото важи и за правните субјекти?

Одговор: Истото ќе биде и за правните субјекти, меѓутоа кај правните субјекти повеќе она што разгрижува е тоа што доколку тие доколку имаат депозити, депозитите нивни не се обезбедени, и вториот момент е тоа што тие имаат исто така и пари на сметките, така да ќе почекаат и во тој дел со парите на сметките. Ова го говорам поради тоа што изминатите неколку дена ме контактираат многу физички и правни лица и ме прашуваат во однос на тоа што ќе се случува со парите кои ги имаат на сметките и физичките лица и правните лица. Кај физичките лица гарантира државата, слушнавме и колку пари ќе се вратат, меѓутоа за правните лица до овој момент нема никаква информација. Она што е најважно во овој првичен момент е како оние 55.000 граѓани тоа се оние приматели на социјална помош и луѓето коишто примаат пензија преку Еуростандард банка што побрзо да се префрлат по другите банки бидејќи знаеме дека тоа е сепак процедура. Од друга страна и сме во период на коронакриза и тоа е она кое нас најмногу не загрижува како партија, затоа што ние сме партија која се грижи за народот , па од таму и нашата најголема загриженост и за штедачите, но во исто време и за примателите на пензија и на социјална помош.

Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2020 15:41