Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста добиен од анализите на Секторот за санитарна контрола направени од 10.08.2020 до 14.08.2020, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 192 примерока за физичко-хемиска и 192 примерока за микробиолошка анализа на водата за пиење од 49 мерни места во град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2020 11:41