По известувањето од Основниот граѓански суд Скопје дека е усвоен предлогот за отворање на стечајна постапка над „Еуростандард банка“ АД Скопје и дека е определен стечаен управник, Народната банка штитејќи го интересот на депонентите и доверителите, активно ги презема сите активности што во периодот до отпочнување на стечајната постапка се нејзина законска надлежност, соопштија од Нардона банка.

Оттаму посочуваат дека е заштитен имотот на Банката, во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување ефикасна и брза стечајна постапка во рамки на која треба да се наплатат побарувањата на доверителите и дел од депонентите.

Граѓаните кои на 12 август 2020 година извршиле готовински и безготовински трансакции преку „Еуростандард банка“ АД Скопје за плаќање сметки (струја, вода и др. давачки), вклучително и преку уплати во АД „Пошта на Македонија“, соопштија од Народна банка, трансакциите ќе бидат реализирани во наредните неколку дена и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки одново.

– Тимот на Народната банка е максимално посветен и за да придонесе за што побрзо завршување на сите административни процедури поврзани со исплатата на обесштетувањето на депозитите на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити, се наведува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 01:06