Градежната активност во пограничното гевгелиско село Богородица, со неколку изградени улици, уредени зелени површини и поставени детски играчки речиси целосно го сменија урбаниот лик на населеното место.

– Приоритетно, на барање од жителите, прво ја подобривме патната инфраструктура со бетонирање на улични краци од улиците „Маршал Тито“ и „Филип Македонски“, а денеска заврши уредувањето и на улицата „Александар Македонски“ по чија должина од стотина метри беа поставени павер елементи, велат од општина Гевгелија.

Паралелно со ова, во Богородица се уредува нов тревник кај црквата во центарот на селото во чии рамки ќе бидат поставени клупи, канти за отпадоци и детски играчки.

Претходно, на просторот во близина на општинската канцеларија, беше уредено уште едно детско игралиште, а заради регулирање на сообраќајот и позабавено возење низ населеното место беа поставени „лежечки сообраќајци“ на влезно излезните улици кон Гевгелија и Стојаково.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 12:49