Почна уредувањето на нов паркинг простор на улицата „Тодор Чучков“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека со ова се зголемува бројот на паркинг места во централното градско подрачје.За уредувањето одвоени се еден милион денари од буџетот на Општина Штип. Тој посочи дека сранува збор за локација во градот кое бара доплонтиелни паркинг позиции.

-Во населбата Горно маало на улицата „Тодор Чучков“, се работи на заборавена површина, се работи на истата за уредување поставување на павер елементи и овозможување за таа да се користи како паркинг површина, повеќе од 600 квадрати ќе бидат уредени во централното градско подрачје, имајќи во предвид дека станува збор за едно прометно место, тесно грло во градот кое бара доплонителни паркинг позиции, рече Јорданов

Инаку, во изминатиот период се работеше на целосна реконструкција на улицата „Корушка“, со поставување на првиот асфалтен слој, а веќе во наредниот период ќе се постави и вториот. Тој истакна дека се работи и на неколку локации во Штип со што се уредуваат улици и тротоари, влезови пред станбени згради.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2024 05:27