Во второто тримесечје од 2020 година автобуски превоз користеле вкупно 7.136.000 патници, што во однос на истиот период лани е намалување за 64,8 отсто.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, според видот на превозот, бројот на превезените патници со автобуси во градскиот превоз е намален за 68,6 отсто, во приградскиот за 56,7, во меѓуградскиот за 74,8, додека во меѓународниот превоз за 99,7 проценти.

Во истиот споредбен период, патничките километри во автобускиот патнички превоз се намалени за вкупно 88,2 отсто. Според видот на превозот, патничките километри во градскиот превоз бележат намалување од 88,8 проценти, во приградскиот 83,9, во меѓуградскиот 80,6, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 99,7 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 13:31