Епидемиологот д-р Сашо Олумчев рече дека во Гевгелија состојбата е непроменета, односно останува со три активни случаи кои беа регистрирани деновиве.

Двајцата новоинфицирани пациенти со коронавирусот, кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа нотирани во Гевгелија, всушност се од општина Богданци, потврдија денеска од ПЕ на Центарот за јавно здравје од Гевгелија под чија надлежност се и општините Богданци и Дојран.

Епидемиологот д-р Сашо Олумчев рече дека во Гевгелија состојбата е непроменета, односно останува со три активни случаи кои беа регистрирани деновиве. Три активни случаи сега има и во општина Богданци, а во општина Дојран седумте пациенти се негативизирани и моментно нема активни случаи и покрај тоа што, веројатно поради задоцнето ажурирање, до вчера се уште се водеа како активни во извештајот на ИЈЗ.

Според корона картата на југоисточниот регион, од почетокот на пандемијата до денеска во општините Гевгелија, Богданци и Дојран за пет месеци од коронавирусот биле заразени 31 пациент од кои 18 во Гевгелија, шест во Богданци и седум во Дојран.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2020 13:50