По повод 48. роденден на Бен Афлек, неговата девојка и колешка, 16 години помладата глумица Ана де Армас на Инстаграм објави самослик каде што славеникот има насмевка од уво до уво. Во натписот до сликата таа вметна само две срциња.

„Најсреќниот Бетмен досега!“, гласи еден од коментарите од обожавателите.

Една од наредните улоги на Бен Афлек е токму како Бетмен во идното продолжение на „Лига на праведните“ (Justice League). Филмот е во претпродукција и е најавен за следната 2021 година. Бен ќе го глуми Бетмен по трети пат.

Афлек и Де Армас се во врска од март. Двајцата заедно глумеа во драмата „Во длабочините“ (Deep Water), чие прикажување е закажано за 13 ноември годинава.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2020 14:00