Општина Кисела Вода ​набави две нови возила со прскалки за чистење под висок притисок.

За набавката, општината обезбедила средства преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка од Светска банка и од Бирото за регионален развој.

– Сезонските работници, со возилата секојдневно ги мијат улиците и тротоарите кои се во надлежност на Општината. Паралелно со ова, тие вршат и расчистување на отпадоците по должината на улиците. Со овие активности видно ќе се придонесе за чиста животна средина, инфрмираат од прес-службата на Општина.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2020 11:45