Испитувањата на водата за пиење во град Скопје, покажаа дека скопјани пијат безбедна и квалитетна вода, информираат од ЈП „Водовод и канализација" – Скопје.
Анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, за период од 17 до 21 август, направени на 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Град Скопје, покажале дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Од ЈП Водовод и Канализација истакнуваат дека Секторот за санитарна контрола, е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.