Сопствениците на игротеките и рестораните за свадби, ако во најскоро време не почнат да работат, односно не добијат зелено светло најдоцна од новата влада штом ќе се формира, се закануваат дека секојдневно ќе излегуваат на протести.
-Ако не се најде решение, освен протести сите наши колеги друг начин не гледаат. Може многу лесно да се изнајде решение, за сите проблеми настанати и тоа не по наша вина. НИе сме затворени со уредба на владата поради светската пандемија, вели Трајко Николовски, претставникот од Групацијата што ги опфаќа овие дејности, за Алфа.
Според нив неопходно е државата да им помогне во исплата на бруто плати и да се одложи плаќањето на комуналиите.
- Треба да се направи економски пакет. Секој правен субјект минатата година остварил Хпромет да речеме да се помогне со процентот на секој правен субјект што го направил минатата година, да речеме, кој направил поголем промет може повеќе да очекува, но сето тоа ќе биде процентуално. Не може сите да добијат исто, вели Николовски.
Групацијата неколку пати нудеше точни протоколи по кои веќе подолго време работат овие фирми во соседните држави, ги испратија до премиерот и владата, но никогаш не добија одговор, ниту амин за да продолжат да работат. Затворени се од месец март.