Неодамна на социјалната мрежа „Фејсбук“ беше основана јавна група именувана како „Туризам во Македонија“, чија цел е да ги едуцираат и запознаат граѓаните со убавините на татковината. Основачите информираат дека групата е формирана во време кога пандемијата беше во најголем ек и кога желбата кај граѓаните да бидат туристи во сопствената земја беше се поголма.
– Во самата група може да забележиме дека има доста активни членови кои секојдневно споделуваат разни локации ширум државата, а во последно време има и се поголем број на интервјуа со сопственици на интересни објекти кои како што велат администраторите, прават мали нешта со огромно значење во развојот на домашниот туризам, истакнуваат основачите на оваа група.
Основачите нагрупата кои и воедно се лиценцирани туристички водичи и придружници, истакнуваат дека за првпат се запознале со одредени места за кои дотогаш не ни знаеле дека постојат во државата.
Тие велат дека во моментот најактуелни се местата коишто се наоѓаат покрај вода, дали е тоа езеро, река, вештачка брана или поток, не е важно, луѓето имаат потреба од пливање.
Посочуваат дека се горди на фактот што откриле многу нови луѓе коишто сакаат со своето хоби да придонесат во развојот на туризмот. Има многу интересни приказни, од луѓе кои готват традиционална храна, луѓе кои инвестираат во градење и отварање на сместувачки капацитети во рурални средини, луѓе кои градат куќички на дрво, па се до луѓе кои организираат атракции на разни локации.
– Секој кој сака да го промовира својот роден крај, град, село, планина, река, поточе или било што, тоа ќе може да го стори во самата група, велат осовачите на групата.
Подетални информации за групата „Туризам во Македонија“ може да се најдат на следниот линк.