Јапонката Наоми Осака и тенисерката од Белорусија, Викторија Азаренка, ќе се борат за трофејот на Мастерсот 1000 Синсинати којшто годинава се игра во Њујорк.

Ова е епилогот по двата полуфинални меча одиграни во текот на денешниот ден.

Во првото полуфинале, 59-тата на ВТА ранг листата, Азаренка со 4:6; 6:4 и 6:1 ја победи Јоана Конта која во моментов е 15-та во светскиот поредок.

На вториот полуфинален меч, Осака (10. фаворитка) ја совлада Елис Мертенс (14. на ВТА листата) од Белгија со 6:2 и 7:5.

Финалето е закажано за утревечер со почеток во 22 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2020 21:28