Казахстанската тенисерка Елена Рибакина нема да ја брани титулата на ВТА турнирот во Рим, откако објави денеска дека се повлекува поради болест.

Рибакина во денешното прво коло требаше да игра против Романката Ирина Камелија – Бегу. На нејзино место ќе настапи Французинката Осеан Доден.

Дваесетичетиригодишната Рибакина е четврторангирана на ВТА листата.

Рибакина во кариерата има осум трофеи, вклучувајќи ја и титулата од ланското издание на турнирот во Рим.

Нејзиниот најголем успех е освојувањето на Вимблдон во 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2024 14:34