Во Министерството за финансии денеска е извршено примопредавање на функцијата министер за финансии со средба помеѓу досегашната министерка Нина Ангеловска и новиот министер Фатмир Бесими.
На средбата, како што е објавено на ФБ на Министерството за финансии, е зборувано за тековните активности во Министерството, а Ангеловска на својот наследник му посака многу успех во функцијата.