Европа може да живее со Ковид-19 и без вакцина доколку успешно ги контролира жариштата со локализирани вонредни мерки, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.

– На денот кога ќе ја прославиме победата над пандемијата, тоа нема да биде само затоа што сме добиле вакцина. Тоа ќе се случи кога ќе научиме да живееме со пандемијата, а тоа може да биде уште утре, рече Клуге во интервју за Скај Њуз.

На прашањето дали повторно очекува воведување на најстроги вонредни мерки поради втор бран на пандемијата, Клуге одговори негативно.

– Не, јас сум оптимист. Сепак, не исклучувам воведување на локални вонредни мерки на подрачја со жаришта, истакна тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2020 13:36