Добротворната организација „Спаси ги децата“ денеска предупреди дека годинава над 67.000 деца во супсахарска Африка можат да умрат поради екстремен глад.

Поради пандемијата на новиот коронавирус отежнат е пристапот до храна или храната е многу скапа за сиромашните жители во тој дел на Африка, соопшти организацијата.

„Спаси ги децата“ информира дека во нивните клиники во Источна и Јужна Африка веќе се лекуваат голем број деца кои страдаат од неисхранетост.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2020 14:56