Словачки суд денеска донесе одлука дека влијателниот бизнисмен Марјан Кочнер не е виновен во случајот со убиството на новинарот Јан Куцијак, соопшти судијата.

Судот го прогласи второобвинетиот за виновен за учество во убиството, но утврди дека нема докази дека Кочнер го нарачал убиството.

Убиството на Куцијак и неговата свршеница во февруари 2018 година. доведе до масовни протести во Словачка, по што премиерот, неколку министри, шефот на полицијата и директорот на антикорупцискиот оддел на Националната агенција за криминал поднесоа оставки.

Во времето кога тој беше убиен, Куцијак ги истражуваше врските на италијанската мафија со луѓе од словачката влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2020 13:38