Кремљ денеска ги отфрли обвинувањата дека е одговорен за труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, нагласувајќи дека нема основа за воведување санкции кон Русија поради тој случај.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Медведев ги отфрли обвинувањата дека Русија стои зад нападот врз Навални и ги предупреди другите земји да не носат предвремени заклучоци.

Тој додаде дека нема причина да се разговара за санкциите против Москва, откако германската канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека ќе се консултира со сојузниците на НАТО за можна реакција на труењето на Навални.

Германската влада вчера објави дека има „непобитни докази“ дека Навални бил отруен со новичек, нервен агенс за кој се верува дека е произведен во Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2020 13:46