Во централниот јапонски град Санџо денеска е измерена температура од 40,4 степени Целзиусови, што е национален рекорд за септември.
Јапонската агенција за метеорологија соопшти дека високите температури во префектурата Ниигата можеби ги донел ветрот Фоен – топол, сув ветер кој повремено се спушта по должината на подножјето на планината, објави агенцијата Кјодо.
Ова е првпат температурата во Јапонија во септември да надмине 40 степени Целзиусови.
Претходниот рекорд од 39,7 степени Целзиусови беше во Кумагаи, во префектурата Саитама, во близина на Токио, на 2 септември 2000 година.