Новиот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, на вработени им порача да не ги објавуваат своите политички ставови на социјалните мрежи, бидејќи ризикуваат да ја нарушат непристрасноста на угледниот британски радиодифузер.

Дејви (53), кој во вторникот стана 17-от шеф на британската корпорација, денеска изјави дека премногу гледачи и слушатели сметаат дека Би-Би-Си е посебен, јавија британските медиуми.

-Ако сакате да бидете колумнист кој ќе го изразува својот став или застапник на една партија, тоа е валиден избор, но тогаш не треба да работите за Би-Би-Си, рече Дејви во своето прво обраќање до вработените.

Тој треба да ја обезбеди иднината на 98-годишната корпорација во време кога одделни пратеници го напаѓаат нејзиниот универзален модел на финансирање, а тоа е претплата што ја плаќа секое домаќинство што има телевизија.

Тој истакна дека е посветен на јавното финансирање на Би-Би-Си, што значи дека ќе мора да ги одразува сите политички ставови ширум Велика Британија и сите возрасни групи.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2020 20:56