Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 26.286.878. Од нив починале 869.218, а оздравеле 18.531.120 лица.

Министерството за здравство на Перу соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани над 6.000 новозаболени лица.

„Вкупниот број на потврдени случаи досега е 663.437, бројот на смртни случаи кај пациенти со Ковид-19 се зголеми на 29.259, а 480.177 пациенти заздравеја“, се наведува во соопштението на перуанското Министерство за здравство.

Министерството за здравство на Колумбија денеска соопшти дека регистрирало дури 9.270 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа и дека бројот на потврдени случаи досега се приближува до 640 илјади.

“Денеска во Колумбија регистриравме 10.011 заздравени пациенти, 9.270 нови случаи на инфицирани и 296 смртни случаи од Ковид-19. До денеска во земјата заздравеле 479.568 пациенти, вкупниот број на потврдени случаи изнесува 633.339, а бројот на смртни случаи е 20.348”, се наведува во соопштението на колумбиското Министерство за здравство.

Во последните 24 часа, во Канада се регистрирани нови 498 случаи на Ковид-19, а од почетокот на пандемијата во оваа земја се потврдени 129.923 случаи на заразени и 9.135 смртни случаи, соопшти канадското Министерство за здравство.

Вкупно 10.933 нови случаи на коронавирус се регистрирани во последните 24 часа во Аргентина, а вкупниот број на потврдени случаи досега се приближува до половина милион, соопшти денеска Министерството за здравство на Аргентина.

Во последните 24 часа пријавени се нови 199 смртни случаи, или во земјата досега има вкупно 9.118 жртви на Ковид-19.

Заменик градоначалничката на Москва, Анастасија Ракова, денеска изјави дека 1.157 пациенти заздравеле во последните 24 часа и дека вкупниот број на заздравени сега е 217.899.

-Бројот на закрепнати пациенти со Ковид-19 постојано се зголемува, рече Ракова.

На сите излекувани пациенти од Ковид-19 на возраст од 18 до 55 години државата им понуди да донираат крвна плазма, под услов да не страдаат од хронични заболувања и да се негативни за ХИВ и хепатитис Б и Ц.

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 8.432 лица, од кои 95 биле позитивни, а уште две починале како резултат на инфекција со коронавирусот, се наведува на официјалната интернет страница Ковид-19.

Во Романија досега се разболеле вкупно 91.256 лица, а само денеска умреле 44 лица, со што бројот на смртни случаи достигна 3.765 лица, соопшти Аџерпрес.

Во последните 24 часа, најголем број новозаразени коронавируси со вирус е регистриран во Хрватска, 369, така што бројот на активни случаи во моментот е 2.634. Три лица починаа, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 286 лица заразени со коронавирусот, а девет лица умреа, потврдија здравствените власти, јави порталот Кликс.

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 53 нови случаи на коронавирусот, што е помалку од вчерашното рекордно зголемување, но, сепак, е меѓу највисоките дневни салда од почетокот на епидемијата, објави СТА.

Во Унгарија, во последните 24 часа се потврдени 301 нов случај на коронавирус, а едно лице умре, се наведува на владината веб-страница за следење на епидемијата.

Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени 163 нови случаи на коронавирус, а шест лица умреа, се наведува во дневниот извештај на официјалната страница за следење на епидемијата.

Во последните 24 часа е забележано драстично зголемување на бројот на новозаболени лица во Австрија, достигнувајќи бројка од 403. Од оваа бројка дури 203 се регистрирани во Виена.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 28.201 лица биле тестирани на вирусот корона, а 23.820 биле излекувани.

Во последните 24 часа во Албанија повторно бројот на излекувани лица е поголем од новозаразените со Ковид-19, што е тенденција од последните неколку дена. Од 835 тестови извршени во последниот ден, 116 биле ново дијагностицирани, со што вкупната бројка на заразени изнесува 9.844. Во списокот на оздравени се впишани уште 150 или вкупно 5.732, додека починале пет пациенти или вкупно 301.

Министерството за здравство на Кипар соопшти за три нови случаи на Ковид-19 од 2.149 направени тестови во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заболени се зголеми на 1.498 лица.

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број смртни случаи од Ковид-19, починаа пет лица, додека пак бројот на новозаболени е 241 лице. Бројот на заразени, од почетокот на епидемијата се зголеми на 10.998 лица, а на починати на 278 лица.

Бројката на жртви од Ковид-19 во Косово се зголеми на 548, откако во минатите 24 часа се регистрирани нови деветмина умрени. Вчера со методот РЦ-ПЦР се тестирани 459 лица, при што кај 78 од нив е откриено присуството на вирусот. Вкупно од појавата на епидемијата заболени од Ковид-19 се 13.790. Вклучително со вчерашните 190 новоизлекувани, бројката на лица кои ја совладале болеста достигна до 10.113, а активни носители на вирусот се 3.130 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2020 21:16