На барање на Собранието на акционери на АД „Пошта на Македонија“, Владата на Република Македонија ѝ даде согласност на АД „Пошта на Македонија“ – Скопје за отпочнување на постапка на преговори со цел склучување на нов Договор за деловна соработка со деловна банка на територија на Република Македонија, преку која ќе ги врши услугите на платниот промет.
Досега, АД „Пошта“ ги вршуваше услугите од јавен промет преку „Еуростандард банка“, но по отворањето на стечајната постапка на банката, АД „Пошта“ остана без можност да ги извршува овие услуги.