Роберт Дауни Џуниор во интернет-емисијата „Смартлес“ потврди оти веќе нема да глуми во филмови на серијалот „Марвел“.

Претходно имаше гласини оти тој може да се врати во улогата на Железниот човек во наредниот филм „Црната вдовица“ (Black Widow)… Премиерата е закажана за ноември годинава.

Па, на директнo прашање од водителот Џејсон Бејтман за тоа – до каде се тие проекти, Роберт Дауни Џуниор (55), одговори: „Сите тие се завршени“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2020 12:06