Колумбиско-американската пејачка Шакира на Инстаграм го покажа својот нов костим за капење, дизајниран по нејзина идеја.
Изработката е на нејзина пријателка (по име Бего), но дводелниот костим е за пејачката лично. Со него, меѓу другото, таа имаше за цел да ја покаже и својата одлична форма и обликуваното тело како резултат на фитнес-режимот и вежбите.
Последно нешто што обожавателите слушнаа од Шакира, е нејзината соработка со поп-групата „Блек ајд пис“ – песната со наслов „Girl Like Me“.