Македонија ќе биде организатор на женскиот ракометен квалификациски турнир за настап на Мундијалот во 2021 година, откако претходно Грција се откажа од тоа право.

Нашата репрезентација ќе биде домаќин и на селекцииите на Литванија и Исланд во ноември. Двете најдобри селекции ќе обезбедат настап во бараж-мечевите на настап на Светското првенство.

„Жолто-црвените“ првиот натпревар ќе го играат против Исланд, а потоа во следните два дена и со Литванија и Грција. Бараж-двомечите ќе се играат во април следната година.

Светското првенство на програма е од 1 до 19 декември 2021 година во Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2020 21:57