Хрватот Мате Павиќ и Бразилецот Бруно Соареш ја освоија титулата во двојки во машка конкуренција на УС Опен, откако во финалето ги совладаа осмите носители Весли Колхоф од Холандија и Хрватот Никола Мектиќ од Хрватска со 7:5, 6:3.

Павиќ се истакна со многу добар сервис во своето прво финале на Грен слем турнирите, а Соареш го донесе потребното искуство и двајцата триумфираа со трофејот.

– Тоа е токму она за што тренираме. Ние се подготвувавме за овој момент веќе пет месеци и конечно е тука, рече Соареш, кој во 2016 година со партнерот Џејми Мареј има освоено титули во двојки од Австралија и САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2020 16:49