Вчера околу 1 часот, полициски службеници од Полициската станица Михајлово во село Дрен, демиркаписко, кај место викано „Брана“, при контрола на возило „нисан“ со штипски регистарски броеви, управувано од М.М.(44) од Штип, во кое како сопатници биле Г.И.(31) од Штип и Т.Л.(45) од Демир Капија, пронашле ловечка пушка, рибарска опрема за криволов, три парчиња експлозив, патрони, харпуни и др..

Лицата се лишени од слобода и против нив ке биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2020 03:55