Ракометарот на Вардар,Сергеј Горбок соопшти дека става крај на својата спортска кариера.

Тој се заблагодари на сите кои биле вклучени во неговиот спортски живот.

– Ја завршив мојата спортска кариера. Јас сакам да кажам едно големо благодарам на сите на ракометот и сите вклучени во мојот спортски живот. Тоа беше убав пат кој ми даде многу и ме научи многу. Исто така, огромна благодарност до сите тренери, играчи, спонзори, клуб вработени, навивачите и на моето семејство и пријатели, напиша Горбок, цитиран од неговиот досегашен клуб.

Покрај Вардар, Горбок има настапувано и за екипите на ПИК Сегед, Аркатрон Минск, Запорожје, Целје, Рајн Некар и Чеховски Медведи.

Бил шампион на Белорусија, Украина, Словенија, Русија, Македонија и Унгарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2020 12:32